Љубов и секс

Топ пет афродизијаци од кујната

 

Позната ни е народната изрека дека “љубовта доаѓа преку желудникот”, а од неодамна тоа доби и научна потврда. Научниците велат дека делењето на уживањето во храна има ефект речиси како сексот. При тоа, едното во никој случај не го исклучува другото.

Многу прехранбени продукти, покрај тоа што ја задоволуваат потребата за храна, ја будат и желбата за секс.

  • Школки. Има многу легенди низ времето кои наведуваат дека најголемите љубовници консумирале школки за да бидат тоа што биле. Така, според легендата, најголемиот љубовник Казанова дневно консумирал дури по 50 школки. Да ја оставиме шегата на страна, покрај кавијарот, шкампите, школките содржат големо количество на цинк, витамин Б12 и фосфор, елементи што го подобруваат преносот на еротските дразби низ организмот и ја зголемуваат издржливоста.

  • Чоколадо. За овој продукт не ни е потребен научен доказ дека го подобрува расположението, создава чувство на среќа и опушта. Добро знаеме дека наброеното создава идеални услови за препуштање на страстите.

  • Чили. Лутото не го буди огинот само во чинијата, туку и во телото. Познато е дека капсаицинот буди еуфорија во организмот, лутината ја зголемува циркулацијата на крвта низ капиларите, а со тоа се зголемува и циркулацијата во интимната регија.

  • Ѓумбир. За неговото стимулирачко дејство задолжени се етеричните масла и се верува дека ѝ овозможува на жената да доживее поинтензивни оргазми, а на мажите да бидат понежни. Научното објаснување е дека ѓумбирот го поттикнува работењето на крвотокот, посебно во гениталниот дел. Дури и ако не сакате да го консумирате, доволно е да го помирисате пред страсната вечер и страста ќе се разбуди.

  • Бибер. Магичните зрнца на овој зачин одамна се користат за будење на страста. Афродизијачкото дејство се должи на состојката пиперин која се содржи во биберот. Ја зголемува страста и ја зајакнува ерекцијата.

 

Слични написи

Најпопуларната секс поза на сите генерации

dart

Што го уништува либидото

Biba

Чувството на љубов ја ублажува болката

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.