Забава

Си најдов паричка: среќа, суеверие или нешто друго?

Најдовте пари на улица, си помислувате колку сте среќни и ги ставате в џеб. Тој момент, всушност, не е само среќа, туку има многу подлабоко значење.

Кога ќе  најдете парите запомнете ја првата мисла што ви паднала на ум, тоа обично укажува на пораката што ви ја испраќа ситуацијата. Според некои верувања среќата зависи и од бројот на паричката што сте ја нашле. 

Какво значење има ако најдете:

  • Пари со број 1. Овој број е поврзан со нови почетоци, сигнализира нови идеи, достигнувања, напредок и успех. Ви кажува да останете позитивни и дека вашето време доаѓа.
  • Пари со број 2. Овој број има порака поврзана со независноста и животната средина. Ви укажува дека треба да научите да се прилагодувате, дека треба да ја знаете важноста на односите со другите, бидејќи, иако независноста е важна и добра, постојат некои граници – не можете секогаш да правите сè сами, понекогаш треба да соработувате со други. Покрај тоа, оваа бројка има неколку други значења: бременост, хармонија, трпение и партнерство.
  • Пари со број 5. Оваа бројка ви покажува дека имате способност да постигнете сè што сте наумиле и дека животот е возбудлив. Време е за раст, промени и авантури. Ако најдете паричка од пет денари, банкнота од 50 и 500 денари, ви кажуваат дека мора да ги искористите своите таленти, а не залудно да ги трошите.
  • Пари со бројот 10. Бројот 10 ви кажува да верувате во вашата интуиција и да го направите она што сте го зацртале. Ослободете се од стравот, бидејќи овие одлуки ќе ве доведат до позитивни промени.

Слични написи

Несекојдневен одмор во пештера

Biba

Најдобрите градови за страсните љубители на кафе

admin

Нов кулинарски тренд во светот

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.