Забава

Нов кулинарски тренд во светот

Подготвувањето храна во машина за миење садови станува тренд низ светот. Продуктите за одредено јадење едноставно се ставаат во тегла, убаво се затвораат и се ставаат во машината. Во исто време може да се измијат садовите и да ги сварите прехранбените продукти.

Постојат и прирачници за приготвување храна на овој начин. Еден од нив е “Lavastoviglie”, од авторката Лиса Касали од Милано. Таа е еколошка активистка која веќе 10 години готви на овој начин. Од нејзината машина за миење садови излегуваат и готови десерти.

Касали вели дека тоа е едноставен начин за приготвување храна при кој не се шират мириси насекаде низ домот.

Многу експерти овој начин го споредуваат со францускиот “sous vide” каде продуктите се готват споро и долготрајно поради ниската температура.

Инаку, овој метод е погоден за продукти на кои не им е потребно многу време и висока температура за да се подготват, и при тоа да се безбедни за јадење. Храната се приготвува на температура од 60-70 степени, а тајната е во тоа што се вари пополека во пареа и топла вода.

Се нагласува дека на овој начин не смее да се подготвуваат продукти како свинско, телешко и пилешко месо, но затоа рибата и зеленчукот се идеални.

Погледнете го видеото за принципот на готвење во машина за миење на садови.

Слични написи

Претставен е еден од најголемите крузери на светот

admin

Македонски краткометражен филм „Dogs of War” во трка за прво место на интернационален фестивал “My Rode Reel”

admin

Фотографии кои покажуваат дека родителството некогаш не е лесно

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.