Здравје

Електронските уреди предизвикуваат несоница

Долго време телевизијата беше единствениот електронски „прозорец кон светот“, а потоа почнаа да пристигнуваат компјутери, лаптопи, мобилни телефони, таблети, е-читачи, конзоли за видео игри, „паметни“ рачни часовници итн. Истражувањата покажуваат дека современото семејство има во просек по пет електронски уреди, додека 20 отсто од нив поседуваат 10 или повеќе електронски уреди.

Научно е докажано дека сината светлина од електронските уреди сериозно го нарушува заспивањето и времетраењето на спиењето, човечкиот биолошки часовник работи според циркадијалниот ритамот на будност-спиење во интервал од 24 часа. Електронските уреди испуштаат сина светлина која му укажува на мозокот дека е ден, без разлика дали во тој момент е вечер или ноќ, што го запира лачењето на хормонот мелатонин, чија задача е да нè информира дека е време за спиење.

Недостатокот на мелатонин предизвикува неврофизиолошка будност, така што дури и кога ќе заспиеме сината светлина го скратува траењето на длабокото спиење и сонувањето, односно РЕМ фазата, што е клучно за да чувствуваме наспани и одморени.

 

 

Некои луѓе ја избегнуваат сината светлина со затемнување на екранот со специјални екрани или користење специјални очила, но нема докази дека тие навистина помагаат.

Тинејџерите се особено чувствителни на синото светло од екраните. Додека го поминуваат времето играјќи игри на компјутер, недостатокот на мелатонин го информира нивниот „телесен часовник“ дека не е време за спиење, па наутро уморни одат на училиште, така што сè поголем број млади луѓе се изложени на ризик да развијат несоница. Освен што го одложува сонот, сината светлина од електронските уреди може да ја оштети и мрежницата на окото. Темната соба го стимулира лачењето мелатонин, додека сината светлина целосно го инхибира и го одложува.

Се верува дека сината светлина од техничките уреди доведува до несоница кај 35% од возрасните, 25% од младите до 15 години и кај 72% од учениците. Истражувањата покажуваат и дека секое шесто лице на возраст од 10 до 29 години носи мобилен телефон во кревет, а секој четврти користи лаптоп или десктоп компјутер најмалку еден час пред спиење. Ова е, исто така, растечки негативен тренд кај луѓето од сите возрасни групи, а тоа е резултат на брзиот начин на живот и подолгото работно време. Луѓето немаат кога да се опуштат, се трудат да заштедат време и често тоа го прават на штета на спиењето, а со тоа и на штета на сопственото здравје, велат стручњаците за спиење.

Оние кои се хронично лишени од сон, што значи дека редовно спијат помалку од пет часа, се изложени на ризик од сериозни здравствени проблеми, вклучувајќи висок крвен притисок, дебелина, дијабетес и ослабен имунолошки систем.

Несоницата го зголемува и ризикот од кардиоваскуларни заболувања, па дури и 69 отсто поголем ризик од срцев удар во споредба со луѓето кои спијат добро. Луѓето кои спијат помалку од пет часа имаат најголем ризик од срцев удар, а кај дијабетичарите со несоница ризикот е двојно поголем.

Што би помогнало да се воспостави здрав ритам на спиење?

Важно е максимално да се намали секојдневното користење на електронските уреди и да не се користат најмалку еден час пред спиење. Во вечерните часови користете го ноќниот режим на работа, кој го намалува интензитетот на осветленоста. Неопходно е да се отстрани секој уред со сина светлина од спалната соба, вклучувајќи го и телевизорот. Се покажало дека жолтата, килибарната и портокаловата светлина, кои се користат за изработка на некои монитори и специјални очила, немаат никакво влијание врз циркадијалниот ритам, па затоа се подобро решение од сината.

Кога несоницата ќе премине во хронична фаза, вообичаените совети веќе не помагаат. Неопходно е да се побара помош од лекар специјалист и комплексен третман.

Слични написи

Треба ли да се вари свежото млеко?

admin

Причини зошто ви доцни менструацијата, а не е поврзано со бременост

dart

Зошто боли стомакот после удар во тестиси?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.