Забава

Најдобрите градови за страсните љубители на кафе

 

Љубителите на кафето својата страст можат да ја искомбинираат со посета на неколку локации во светот, кои се центри на добро подготвен филџан кафе. Места каде што долго се негува традицијата и културата на подготовка и пиење на црниот магичен напиток.

За многумина денот не може да започне без шолја кафе, ритуалот на пиење кафе се разликува од држава до држава, а во некои држави дури се разликува и од град до град.

Ви набројуваме неколку градови што се сметаат за центри на подготовката на добро кафе.

Сао Паоло, Бразил

Докажано е дека Централна и Јужна Америка претставуваат подрачја каде што се одгледуваат најквалитетните зрна кафе, со најголем дијапазон на вкусови. Надморската височина придонесува за совршена киселост на кафето, додека идеалната температура придонесува кафето да има одличен квалитет.

Во изминатите 150 години Бразил е на врвот на производство на квалитетно кафе. Се смета дека претставува најдобра локација за љубителите на добро кафе, а Arabica и Robusta се типовите по кои е најпознат.

Сао Паоло е град во кој има огромен број локации на кои љубителите на квалитетно кафе можат да уживаат во вкусот на црниот напиток. Постојат традиционални кафеа како Sofa Cafe, Cafe Floresta, The little coffee shop, додека од модерните се издвојуваат Beluga и Octavio.

Истанбул, Турција

Турците се нација која дава голема важност на кафето. Тоа се послужува секогаш по завршувањето на ручекот. Го варат во специјално бакарно ѓезве. За да ја намалат горчината, секогаш ја служат со турски слатки. Се служи во мали порцелански филџани.

Истанбул е познат по своите бројни кафеа кои претставуваат одредница за голем број туристи. Ако сакате традиционално пиење на кафе, тука се Fazil Bey и Pierre Loti Cafe. Се вели дека најдобриот период за посета на Истанбул е од септември до ноември.

Милано, Италија

Италија е земја позната по своето еспресо, кафе кое се служи во мали шолјички и се пие стоечки.

Некои од попознатите кафеа во кои може да се напиете еспресо се Orsonero, Marchesi, Taglio, Caffe Napoli и Moleskine Cafe.

Џакарта, Индонезија

Кафето е составен дел на неговите жители. Индонезија е позната по своите типови на кафе, како Java, Sumatran, Toraja и Gayo.

Љубителите на кафе – авантуристи, можат да го пробаат најскапиот и најспецифичниот тип на кафе на светот, Kopi Luwak.

 

 

Слични написи

Спектакуларна божиќна елка осветлена со петкилометарско осветлување во Вилнус, Литванија

Biba

Како да го оладите домот без клима-уред

Biba

Во недела започнува зимското сметање на времето, ги враќаме стрелките на часовникот за еден час наназад

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.