Здравје

Причини поради кои треба да ги избегнувате рафинираните намирници

 

За кои продукти велиме дека се рафинирани? Тоа се сите оние намирници на кои во процесот на преработка им се одземени нутритивните вредности и влакна. Белото брашно, белите тестенини и белиот шеќер се само некои од примерите.

Едно најобично парче бел леб може да послужи како добар модел за објаснување. Процесот за добивање на лебот почнува со обработување на пченицата која се меле до најситен прав, кој подоцна во текот на печењето се претвора во пенестата сунѓереста маса која ја нарекуваме леб. Ваквиот леб многу брзо се разградува и  стигнува во крвотокот, а желудникот воопшто не работи. Според проценките на експертите, едно парче бел леб има исто влијание на крвта како една лажичка шеќер.

Од друга страна, лебот кој се прави од грубо мелени или цели зрна житарки, малку е пожилав, има подебела кора и зрната се гледаат. За да го преработи ваквиот леб, желудникот мора да работи. И покрај тоа што и овој леб е испечен на ист начин како и белиот, житните зрна не се сомелени и зачувале голем дел од своите хранливи вредности.

Таквиот леб подолго се преработува во дигестивниот систем, а со тоа автоматски и подобро. Хранливите материи од храната полека се пренесуваат до крвотокот. Истото се однесува и на шеќерите во ваквиот леб, кои постепено се пропуштаат во крвотокот, и не доаѓа до нагло растење на нивото на шеќер во крвта. Заради тоа во телото се создава и помалку инсулин, па нема да се осеќате гладни и телото нема да ви бара благи и штетни намирници.

Рафинирани намирници кои треба да ги избегнувате, се: бел леб, грицки, индустриски колачиња (и сè останато што се прави со бело брашно), инстант зобени каши, колачиња од ориз, бели тестенини, бел ориз.

 

Слични написи

Како да ја олесните болката од вкочанетите зглобови

Biba

Неочекувани здравствени придобивки од боровинките кои најверојатно не сте ги знаеле

Biba

Трчањето може да ви го продолжи животот и до шест години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.