Здравје

Неочекувани здравствени придобивки од боровинките кои најверојатно не сте ги знаеле

 

Сите знаат дека боровинките се полни со антиоксиданти, но можеби не ги знаете сите здравствени придобивки од внесувањето на ова сино топчесто овошје во вашето секојдневно мени.

  • Го намалува крвниот притисок. Вклучувањето на боровинките во секојдневната исхрана може да го намали крвниот притисок, на сличен начин како лековите за таа намена. Научниците во едно истражување објавено во “Journal of Gerontology”, утврдиле дека за овој ефект на боровинките е заслужен  антоцијанот – тип на флавоноид кој го обезбедува антиоксидантниот ефект и му ја дава на овошјето интензивната сина боја.
  • Ги намалува воспаленијата. Антоцијанот кој го споменавме погоре, исто така, ги намалува и воспаленијата, тврди истражување објавено во “Journal of Agriculture and Food Chemistry”. Хроничните воспаленија можат да бидат причина за кардиоваскуларни заболувања, Алцхајмерова болест и некои типови на рак.
  • Ја подобрува функцијата на белите дробови. Консумирањето боровинки два или повеќе пати неделно го намалува пропаѓањето на белите дробови кај повозрасните луѓе. Со стареењето се влошува функционирањето на белите дробови, но тоа може да се намали ако во исхраната се внесат боровинки.
  • Се намалува ризикот од инфаркт. Истражувањата покажуваат дека се зголемува стапката на инфаркти кај младата популација. Американската асоцијација за срце открила дека консумирањето боровинки и јагоди три и повеќе пати неделно може да го намали овој ризик за дури 34 %.
  • Мускулите побрзо закрепнуваат и се опоравуваат. Антиоксидантите во боровинките помагаат да се намали воспалението во мускулите после вежбање и да се забрза нивното заздравување. Додавањето на боровинките во смудито по завршување на тренингот може многу да направи за побрза регенерација на телото.
  • Го подобрува функционирањето на мозокот. Заедно со многуте бенефити за телесното здравје, откриено е дека боровинките го подобруваат и менталното здравје. Додавањето во исхраната на сок од боровинки го подобрува сеќавањето кај постарите возрасни и ги намалува симптомите на депресија. Освен тоа, студија објавена во “Annals of Neurology” открила дека антиоксидантите од боровинките се поврзани со одложување на когнитивното стареење. Со додавање на една порција боровинки неделно кај повозрасни жени, се одложило когнитивното пропаѓање за две и пол години.

 

Слични написи

Неколку причини зошто треба да почнете со станување во 5 часот наутро

dart

Како трчањето успешно да го замените со одење

Biba

Правилно мерење на крвниот притисок

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.