Гастрономија

Кремасти пилешки крокети

 

Потребни состојки:

6 лажици путер

1 парче пилешки гради исчистени од коските и кожата, исечкани на мали парченца

1/2 кромид, ситно исечкан

1 морков, ситно исечкан

35 г сварен грашок (1/4 чаша)

6 лажици брашно

сол и бибер по вкус

2 чаши млеко (480 мл)

За похување:

брашно

јајца

лебни трошки

Начин на подготовка:

  1. Путерот ставете го во тавче на средна температура и кога ќе се стопи во него динстајте го месото околу 6-7 минути, или додека да ја изгуби розевата боја.
  2. Додајте го кромидот и гответе уште 4-5 минути. Потоа додајте ги морковот и грашокот и гответе уште 2 минути.
  3. Додајте го брашното, измешајте ја смесата да се изедначи, па зачинете со сол и бибер по вкус.
  4. Додајте го млекото и мешајте константно додека смесата да се згусне.
  5. Тргнете го филот на страна да се олади. Кога целосно ќе се олади, ставете го во фрижидер најмалку еден час.

Похување:

  1. Од филот ставајте по една полна лажица прво во брашното, со раце формирајте топче залепено со брашно од сите страни, потоа топчето извалкајте го во јајце, па на крај во лебни трошки.
  2. Пржете ги топчињата во врело масло додека да добијат златнокафеава боја.
  3. Сервирајте ги самостојно или како прилог со друго јадење.

На здравје!

 

 

Слични написи

Динстани тиквички со кромид

Biba

Лосос во црвен сос

Biba

Освежителна лимонада со лубеница

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.