Гастрономија

Медени бисквити

 

Потребни состојки:

175 г несолен путер исечен на парчиња

1 чаша шеќер

1/4 чаша мед

1/4 лажичка цимет

1 јајце изматено со жица

1 лажичка екстракт од ванила

2 1/4 чаша саморастечко брашно

Начин на подготовка:

  1. Во тавче на шпорет измешајте ги путерот, шеќерот, медот и циметот на ниска температура, додека да се стопат путерот и шеќерот и мешавината да се изедначи.
  2. Тргнете го тавчето од шпорет, пресипете ја смесата во длабок сад и оставете ја да се олади на собна температура.
  3. Потоа додајте ги јајцето, ванилата и брашното и убаво измешајте. Со лажица вадете топчиња од смесата и ставајте ги на хартија за печење во тепсија, на растојание од 4 см меѓу нив. Нежно измазнете го со виљушка секое топче.
  4. Печете ги на температура од 180 степени Целзиусови, додека да добијат златножолта боја. Послужете ги откако ќе се оладат.

На здравје!

Слични написи

Дали смее да се замрзнува варен ориз?

dart

Раванија

Biba

Брза туна салата со јајца

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.