Технологија

Најлошите лозинки за 2018 година

Огромен број луѓе и понатаму одбиваат да се потрудат малку подобро да ги заштитат своите електронски пошти, сметките и профилите на социјалните мрежи, па користат лоши лозинки кои многу лесно можат да се откријат и погодат.

Со оглед на тоа дека денес бројни приватни, осетливи и многу важни работи ни се зачувани во дигитален облик на компјутерите, социјалните мрежи, електронската пошта итн., дел од корисниците на интернет се неверојатно неодговорни и тие податоци воопшто не се трудат да ги заштитат со силна лозинка, туку користат наједноставни шифри, заради кои нивните податоци се речиси незаштитени.

До сега се објавени бројни листи со најлошите лозинки кои се користат, а компанијата SplashData минатата недела објави попис на најлоши шифри кои се користеле во 2018 година.

Пописот е базиран на 5 милиони лозинки кои “протекоа” на интернет, а се работи за веќе добро познатите лоши лозинки. Најлошата шифра за која е неверојатно дека сè уште се употребува е “123456”, а втората најлоша е “password” (зборот password преведен од англиски значи “лозинка”), и овие две лозинки се наоѓаат на врвот на листата на најлоши веќе пет години по ред.

Други опасни шифри кои често се повторуваат се познати имиња од шоу бизнисот и политичари, како и едноставни комбинации на бројки и букви од тастатурата, кои хакерите многу лесно ги откриваат.

Најважна причина заради која SplashData го објавува пописот на најлоши лозинки е за да служи како предупредување на корисниците кои и понатаму користат вакви лозинки и затоа што се надеваат дека во иднина луѓето ќе се потрудат малку подобро да ги заштитат своите сметки и профили на социјалните мрежи.

Ова се десетте најлоши лозинки за 2018 година:

  1. 123456
  2. password
  3. 123456789
  4. 12345678
  5. 12345
  6. 111111
  7. 1234567
  8. sunshine
  9. qwerty
  10. iloveyou

Слични написи

Секс-играчка освои награда на Саемот за технологија, но организаторите решија да ја повлечат

Biba

Новите уреди на HUAWEI претставени во Виена

dart

Популарната игра Fortnite на удар на огромна критика

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.