Гастрономија

Колбаси, пиперки и кромид во две варијанти

 

Потребни состојки:

1/4 чаша маслиново масло

400-500 г колбаси

2 насечкани пиперки

2 главици насечкан кромид

4 чешниња насечкан лук

1 лажичка сол

1 лажичка црн бибер

1/2 лажичка оригано

1 лажица насечкан свеж босилек

2 лажици доматно пире

1 чаша суво вино

2-3 насечкани патлиџани

Начин на подготовка:

  1. Во подлабоко тавче на средна температура пржете ги колбасите додека да потемнат од двете страни, околу 7-10 минути. Потоа извадете ги од тавчето и исцедете ги од маснотијата.
  2. Вратете го тавчето на шпорет на средна температура и ставете ги во него пиперките, кромидот, солта и црниот бибер. Гответе ги додека да омекнат пиперките и кромидот, околу 5 минути.
  3. Додајте го ориганото, босилекот и лукот, и гответе уште две минути.
  4. Потоа додајте го доматното пире и измешајте. Додајте ги виното и патлиџаните и мешајте додека смесата почне да се динста.
  5. Колбасите пресечете ги на парчиња по ваша желба и ставете ги во тавчето. Гответе додека да се згусне сосот, околу 20 минути. Потоа тргнете ја тавата од шпорет и послужете го јадењето додека е топло класично во чинии или може со него да направите топли сендвичи.

На здравје!

 

Слични написи

Замрзнат десерт со карамел

Biba

Крем супа со компири, праз и сланина

Biba

Супа од спанаќ и компири

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.