Гастрономија

Супа од спанаќ и компири

 

Потребни состојки:

2 помали главици кромид, ситно исечкани

3 мали стебленца целер, ситно исечкани

2 лажици пченкарно брашно

3 чаши пилешки или зеленчуков бујон

4 средни компири исечкани на залчиња

1 чаша спанаќ (може и смрзнат)

1/2 чаша млеко

масло

Начин на подготовка:

  1. Во длабоко тавче на ниска температура ставете ги маслото, кромидот и целерот. Поклопете ја тавата со капак и со повремено мешање гответе го зеленчукот додека да омекне.
  2. Додајте ги пченкарното брашно, компирите и бујонот, и мешајте постојано додека супата да зоврие. Oставете ја да крчка околу половина час.
  3. Додајте го спанаќот и мешајте додека супата повторно да зоврие и да омекне спанаќот.
  4. На крај додајте го млекото, и кога супата ќе се сврели тргнете ја од шпорет и послужете ја додека е топла.

На здравје!

 

Слични написи

Брза и едноставна италијанска чорба од грав

Biba

Печени јаболка со цимет и ореви

Biba

Брза мусака со пилешко месо и прелив од јогурт

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.