Гастрономија

Замрзнат десерт со карамел

Потребни состојки:

400 г мелени бисквити

80 г несолен путер, стопен и оладен

1 чаша (90 г) кокосови снегулки

прстофат сол

1,5 л сладолед од карамел

400 г карамел

200 г исечкано темно чоколадо 

300 мл неутрална павлака

60 мл сончогледово масло

Начин на подготовка:

  1. Путерот, кокосот и солта ставете ги во мелените бисквити и измешајте ги во процесор за храна да се соединат сите состојки. Кога ќе добиете изедначена смеса ставете ја во подмачкано тавче обложено со хартија за печење. Измазнете ја горната површина.
  2. Врз смесата нанесете го сладоледот и распоредете го подеднакво, а врз сладоледот намачкајте го карамелот. Измазнете убаво и ставете го тавчето во замрзнувач најмалку 1 час, за да се стегне десертот.
  3. Слатката павлака загревајте ја полека на средна температура додека да се сврели, но да не зоврие. Сипете ја врз исечканото темно чоколадо и мешајте додека да се стопи и изедначи. Потоа додајте го полека маслото и истовремено мешајте. Добиениот крем оставете го малку да се олади, па прелијте го врз смрзнатото колаче и измазнете. Замрзнете го преку ноќ или додека да се стегне.
  4. Извадете го од замрзнувач 20 минути пред сервирање. Со топол нож исечете го десертот на парчиња и послужете го веднаш.

На здравје!

Слични написи

Залчиња од тиквици и фета

Biba

Похувани компири

Biba

Похувани тиквички во рерна

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.