Здравје

Како да го спречите напрегањето на очите

Напрегањето на очите се јавува кај луѓе кои поминуваат многу време на компјутери, пред телевизија, при долго читање, или се оптоварени со одредена визуелна работа. Сето ова може да резултира со главоболка, болка во очите, суви или насолзени очи, непријатност, заматен вид или болка во вратот. За да го спречиме напрегањето на очите, можеме да преземеме одредени мерки и да се погрижиме за здравјето на нашите очи.

Одморете ги очите

На секои 30-60 минути направете пауза. Гледајте во далечен предмет или низ прозор најмалку 30 секунди. На тој начин ќе го смените фокусот и малку ќе ги одморите очите.

Пробајте неколку секунди да трепкате повеќе него обично. Трепкањето ги навлажнува очите и ги опушта очните мускули.

Ако извршувате работа која бара долготрајно гледање во екран, повремено затварајте ги очите на неколку секунди, со тоа им обезбедувате моментално олеснување.

Топло и ладно

Друг начин на опуштање на очните мускули е и следниов: брзо тријте ги дланките една од друга додека не се загреат, а потоа нежно ставете ги дланките на очите и држете ги неколку секунди.

Наводенете крпа или газа во ладна вода, добро исцедете ја и ставете ја на затворени очи. Држете ја крпата или газата 5 минути за да се опуштат очите.

Очите може да ги опуштите и со тркалца од краставица. Едноставно ставете по едно тркалце на очите и држете 2-3 минути.

Навлажнете ги очите

Ако напрегањето на очите е заради нивната сувост, употребувајте вештачки солзи кои може да се купат во аптеките.

Прилагодете го екранот

Прилагодете ја висината на столицата на која седите, за екранот да ви биде малку под нивото на очите. Ако е потребно закосете го екранот за да одговара на вашиот поглед.

Очите треба да се на далечина минимално 50 см од екранот.

Правилен избор на осветлување

Водете сметка за правилниот избор на осветлување додека читате за да не ги напрегате очите. Најдобри се светилките со прилагодлив врат, бидејќи може да се наместат за да осветлуваат поединечна страница.

Не читајте и не гледајте телевизија во темница, туку со светлина. Ако контрастот помеѓу светлото на екранот и просторијата е преголем зениците постојано ќе мора да се затвараат или шират за да се адаптираат на разликата.

Слични написи

Загадувањето на воздухот може да го зголеми ризикот од абортус за дури 50 отсто

Biba

Колку се штетни газираните сокови

Biba

Зошто ни е потребен магнезиумот

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.