Технологија

Новини во апликацијата Вибер

Апликацијата Viber доби ново руво кое во некои делови потсетува на конкурентската платформа WhatsApp.

Вибер тука и таму козметички ги менува некои работи и нè изненадува – како што ја смени бојата на логото без да забележиме. Овој пат и додаде неколку работи на MONDO таблата.

Статусот на испорака и читање пораки сега се побрзи и изгледаат како оние во WhatsApp пораките. Штиклирано еднаш значи дека пораката е испратена, два пати е доставена, а двојно и сина е доставена и прочитана порака.

Облачињата во пораките се поголеми и во светли бои, за како што велат од Viber – да ни го сврти вниманието на содржината на пораките и да ни помогне да останеме концентрирани на кореспонденцијата.

Viber овозможува и подобар преглед на GIF, видео и фото додатоци во облачињата во кои ги разменуваме и тврди дека сега испраќањето и приемот на овие работи ќе биде подобар, побрз и позабавен.

Апликацијата е обновена за iOS и Android и добива уште поголема “end-to-end” енкрипција, што е значителна победа во однос на WhatsApp, за кој што уште еднаш е докажано дека не се грижи за безбедноста на корисникот толку добро како Вибер.

Со последните измени во Вибер се овозможува и директно преведување на пораките на јазик којшто вие ќе го изберете. Само пораката која сакате да ја преведете допрете ја на 2 секунди, и од менито кое ќе ви се појави одберете преведување. Потоа одберете јазик на кој сакате да биде пораката преведена и тоа е сè.

Новата апликација досега беше достапна за iOS, а од денеска пристигна и за Android.

Слични написи

Постигна ли Гугл квантна надмоќ?

Biba

Xiaomi го претстави новиот Mix Fold 2

dart

Вселенски туризам со Елон Маск

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.