Убавина

И вишокот килограми е секси

 

Кај многу жени желбата за секс директно зависи од внатрешната перцепција за себе. Ако жената се перципира себеси како дебела, многу често ќе избегнува секс, ќе го практикува во темно или под прекривка. Оние пак што ја немаат таа прецепција за себе се подготвени за сексуални авантури и не го кријат своето тело.

Многу истражувања покажуваат дека луѓето имаат намалено либидо само поради погрешната перцепција што ја имаат за себе и за своето тело. Дури петина од жените постари од 30 години не можат да наведат барем еден дел на своето тело што го  гледаат како секси, а највеќе ги презираат своите бедра, нозе, стомак или задникот.

Според психолозите, за сето ова виновни се насловните страници од магазините исполнети со перфектно прикажани жени, со мазен стомак, тенки нозе или округол задник. Тоа претставува тотално искривена реалност за убавината за обичната жена.

Не е јасно како вишокот килограми може да биде пречка за убав, складен и динамичен сексуален живот. Психолозите за ова велат дека обвинувањето на телесната тежина за нескладен сексуален живот, всушност, е прикривање на подлабок психолошки проблем. Можно е депресијата, анксиозноста, исцрпеноста, да се всушност реалниот проблем за актуелната состојба.

Губењето на неколку килограми со вежбање нема да ги елиминира подлабоките проблеми и како со магично стапче да го подобри сексуалниот живот.

Самодовербата е основата за здрав сексуален живот. Делува како афродизијак. Решавањето на психолошките проблеми и зголемувањето на самодовербата, ќе направи секоја жена, со повеќе или помалку килограми, да се чувствува секси и нејзиниот сексуален апетит да расте. Високата самодоверба го подобрува сексот.

Работете на самодовербата и никогаш нема да си го поставувате прашањето дали сте секси иако имате повеќе килограми. Секоја жена е убава и секси.

 

Слични написи

На кој начин стилот на живот влијае на животниот век

Biba

Кремасти бронзери за заводливо лице

Biba

Ако страдате од синдром на испукани усни, може да ги пробате овие 8 совети

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.