Убавина

Ако страдате од синдром на испукани усни, може да ги пробате овие 8 совети

Зимските месеци знаат да уништат сè што сме работеле напорно цела година, но решението би можело да биде поедноставно отколку што мислите.

Ако сте голем обожавател и зависник од мелеми за усни, секогаш внимавате да носите барем еден во џебот, а потоа уште два-три некаде во торбата. Сепак, и покрај редовната и внимателна грижа, не можете да се пофалите со кадифено меки усни – барем не секогаш.

 

Факт е дека нашите усни можат да бидат доста тврдоглави и понекогаш да реагираат малку драматично на промените на времето. За среќа, постои решение за секој проблем, како и за овој, и да ги направи работите уште подобри, проблемот најверојатно лежи во нешто многу едноставно.

За најнежните бакнежи овој месец сепак, имаме 8 совети:

1. Обидете се да не ги лижете.

Доколку чувствувате дека вашите усни се суви, ставете мелем и престанете да ги лижете постојано, бидејќи оваа навика дополнително ќе ги исуши вашите усни поради ензимите што се наоѓаат во нашата плунка, а кои се користат за варење на храната и затоа се премногу агресивни за нашите нежни усни.

2. Избегнувајте мелеми со одредени состојки

Звучи примамливо, но состојките како еукалиптус или ментол не се нужно најдобро решение за зимската сезона. Покрај тоа, овие состојки дополнително ги сушат усните, иако на почетокот може да изгледаат како одлично решение за првиот состанок.

3. Навремено третирајте ги испуканите усни

Сувите и испукани усни, како и секоја рана, ќе станат воспалени и потенцијално заразени ако не ги лекувате што е можно побрзо.

4. Пред спиење користете мелеми создадени за длабока нега на усните

Додека спиете, усните имаат време да ја вратат мекоста и влагата, особено ако нанесете квалитетен мелем или масло.

5. Барајте мелеми со масла

При избор на мелем, изберете ги оние со масла или глицерин. Ова се состојки кои успешно ќе ги заштитат вашите усни, но и дополнително ќе спречат да се исушат.

6. Користете мелеми со заштитен фактор

Дури и во зимските денови, вашата кожа сака да ја заштитувате од сончевите зраци.

7. Пијте вода

Списокот од 101 причина зошто треба да водите сметка дали пиете доволно вода, исто така го вклучува ова: сувите усни се едни од највидливите показатели за хидратација.

8. Бидете сигурни дека внесувате доволно витамин А.

За да ги задржите усните меки и нежни, збогатете ја исхраната со витамини и минерали, особено витамин А што се наоѓа во рибино масло, моркови, млеко, жолчки од јајце, спанаќ и зелка.

Слични написи

Нега на сувата кожа во зима

Biba

Морската сол е корисна за здравјето, кожата и косата

Biba

“Grombre” – тренд кој ја слави седата коса

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.