Убавина

Женски парфеми кои никогаш нема да излезат од мода

Има некои парфеми кои се вечни, кои се спротивставуваат на сите трендови, на кои времето не им може ништо и кои жените секогаш со задоволство ќе ги носат.

Листа од 10 парфеми кои никогаш нема да излезат од мода:

  1. „J’adore“, Dior. Модерниот, гламурозен парфем без алкохол е создаден во 1999 година. Сладок, но лесен, благо остар цветен мирис со свежина на мандарина во горната нота, срцевина од јасмин, слива, орхидеја и роза, и мошус и капина во траги. Стана неверојатно популарен, поради што доби неколку негови варијации во различни концентрации. Класичноста и „амбицијата“ на парфемот се рефлектираат во неговото шише во форма на грчка амфора.
  2. „CK One“, Calvin Klein. Еден од првите парфеми во светот кој го носеше епитетот унисекс. Парфемот „CK One“ дури се смета за своевидно чудо, бидејќи и покрај тоа што не е премиум мирис, успеа да добие култен статус и да ја задржи својата популарност и денес. Во создавањето на парфем кој се карактеризира со свеж мирис на цитрус, кој се појави на пазарот во 1994 година, Келвин Клајн најде инспирација во однесувањето на својата ќерка и нејзиното друштво – провокативен стил со „политичка коректност“.
  3. „Chloé Eau de Parfum“, Chloé. Посебен, сензуален и префинет мирис за сите прилики и сите сезони. „Chloé“ е извонреден спој на цветови кои вклучуваат божур, личи и фрезија во горните ноти, роза, магнолија и крин како централни, над база од кедрово дрво и килибар. Доколку сакате оригинален мирис кој буди класично чувство, тогаш Chloé е идеалниот парфем за вас.
  4. „Chanel No.5“, Chanel. Најпознатиот парфем на сите времиња е создаден од Ернест Бо во 1921 година. „Chanel No 5“ е првиот парфем во цветно-алдехидната група и прв по количината на алдехид во неговиот состав (легендата вели дека помошникот на Бо по грешка ставил премногу алдехид во нив). Во горните ноти се алдехиди, бергамот, лимон, нероли, иланг-иланг, во срцевината јасмин, роза, крин и ирис, а во основата се ветивер, сандалово дрво, ванила, килибар и пачули.
  5. „5th Avenue“, Elizabeth Arden. Парфемот создаден во 1996 година го доби името по најпознатата улица во светот, која е олицетворение на богатството и луксузот како и имагинацијата која се претвори во реалност. Наменет е за жена со стил, која е паметна, успешна и елегантна. Горните ноти на парфемот се јоргован, цветови од липа, магнолија, мандарина и бергамот. Во срцето се бугарската розова љубичица, иланг-иланг, јасмин, индиска тубероза, праска, каранфил и морско оревче. Основата се состои од килибар, тибетски мошус, сандалово дрво, ирис и ванила.
  6. „Light blue“, Dolce & Gabanna. Овој многу популарен летен мирис беше лансиран во 2001 година. Се карактеризира со лежерна нота која потсетува на цветно-овошното ветре за време на сицилијанското лето. Сочните и влажни ноти на лимета и чемпрес предизвикуваат асоцијација со шума на морскиот брег.
  7. „Classique“, Jean Paul Gaultier. Дрзок и сладок парфем создаден во 1993 година, кој беше опишан со зборовите „мирис кој ветува задоволство“. Нотите од роза заведуваат во високите ноти, софистицирана орхидеја доминира во срцето на парфемот и дрвенестите акорди, додека ванилата ги гали долните ноти на парфемот. Атрактивна е и амбалажата на парфемот – шишенце во облик на женско тело облечено во фустан од тантела во златно метално пакување.
  8. „Opium“, Ives Saint Laurent. Четвртиот најпопуларен парфем на сите времиња. Ориенталната пикантна хармонија на овој провокативен и опоен мирис се состои од мандарина, јасмин, каранфил и ванила. Парфемот предизвика контроверзии поради неговото име, што ги налути Кинезите кои живеат во САД. Тие побараа Лорен, кој самиот го смисли името, да се извини за непочитувањето на кинеската историја и проблемите меѓу Кина и САД и да најде друго име. Сè резултираше со тоа што „Опиум“ стана еден од најпродаваните парфеми во историјата.
  9. „L’eau d’Issey“, Issey Miyake. Како што го опишал и самиот Issey Miyake, овој парфем е „чист како изворска вода“ и ги комбинира ладните капки на водопадот, аромата на цвеќето и мирисите на пролетната шума. “L’eau d’Issey” е цветно-воден мирис со воздушни ноти на лотос, фрезија, циклама и сочна диња. Средните ноти на божур, крин и каранфил го откриваат карактерот на парфемот. Основна нота е кедрово дрво, сандалово дрво, мошус и килибар. Парфемот е создаден во 1992 година.
  10. „Shalimar“, Guerlain. Еден од најпродаваните парфеми во светот е создаден во 1925 година, инспириран од љубовната приказна на Шахот Шахјахан и неговата сопруга Мумтаз Махал. По смртта на неговата сакана сопруга, шахот во нејзина чест го изградил познатиот Таџ Махал како симбол на нивната љубов. Мирисот вклучува ноти на лимон, бергамот, јасмин, мајска роза, опопонакс, грав тонка, ванила, ирис, темјан и килибар. Кратката цитрусна свежина води во богато цветно срце со раскошна финална топлина.

Слични написи

Како да направите целосна детоксификација на кожата за три дена

dart

И шминката има рок на траење кој треба да се почитува

Biba

Kако да се заштитите на плажа за време на бременоста

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.