Убавина

И шминката има рок на траење кој треба да се почитува

 

Секоја жена знае колку е тешко да се откаже од карминот или маскарата која долго време не ја користела, но платила скапо за неа, меѓутоа  последиците од користење на шминка со поминат рок не се занемарливи, и заради нив вреди да се обрне внимание на нејзиниот рок. Важно е да се знае која козметика колку може да се користи и како да ги решите последиците ако “се заборавите”.

Некои козметички производи немаат на себе означено рок на траење, но треба да знаете колку можете да ги користите без негативни последици. Имајте на ум дека секој козметички производ има рок на траење меѓу 3 и 12 месеци од отворањето.

Експертите нагласуваат дека треба да бидете внимателни со козметиката што е на база на вода, затоа што може да се контаминира со бактерии и да предизвика инфекција на окото, кое е исклучително осетлив орган.

Заштитете се така што нема да ја делите својата шминка со други (особено производите за очи и за усни), нема да додавате вода во неа, ќе ја чувате на суво место и на страна од извори на топлина и сонце (не се препорачува чување на шминката во бањата заради влагата и топлината), убаво ќе го затворате капакот на пакувањето и редовно ќе ги миете четките за шминкање и рацете пред секое шминкање. И се разбира, кога ќе помине рокот на некој козметички производ, веднаш ќе го фрлите и ќе го замените со нов.

На козметичкиот производ на кој му поминал рокот ќе му се промени текстурата, бојата, мирисот, може дури на него да бидат видливи и траги од мувла. Оваа шминка ќе кородира и ќе оксидира, нема да го има истиот ефект на покривање како кога е свежа, нема да може подеднакво да се нанесе на лицето и може да предизвика инфекција на кожата. Бидете особено внимателни со пудрата за лице и со производите кои ги ставате на очите.

Маскарата има рок на траење од 3 до 6 месеци, течната пудра од 6 до 12 месеци, руменилото во крем и сенките за очи од 6 до 12 месеци.

Тушот за очи и моливчето за усни можат да траат до две години, карминот една година, а кремите и препаратите за нега на лицето од една до две години.

Рокот на траење на вашата шминка можете да го продолжите само доколку се придржувате на правилата за нејзино правилно чување и одржување.

Слични написи

Зошто предвреме ни побелува косата?

Biba

Навики заради кои изгледате постари отколку што сте

Biba

Жените го ризикуваат здравјето на стапалата заради мода

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.