Убавина

Како да направите целосна детоксификација на кожата за три дена

 

Прв ден

За време на викендот за детоксификација на телото му е потребна храна богата со корисни состојки, па наполнете го фрижидерот со нив. Ова подразбира свежо овошје и зеленчук: јаболка, грозје, брокула, моркови и домати.

Втор ден

Подгответе чај од коприва, ѓумбир или глуварче. Овие билки се познати по нивното антивоспалително дејство и по подобрување на работата на црниот дроб и бубрезите, а ќе ги елиминираат и подочниците. Ако чувствувате потреба за кофеин, пијте зелен чај, кој е одличен извор на антиоксиданси. Масажата промовира елиминација на штетните материи од телото. Концентрирајте се на главните точки на лимфниот систем – вратот, пазувите, стомакот, препоните и наборот зад коленото. Вечерта направете домашен третман за лице.

Трет ден

Пилингот за време на туширање ги буди сите сетила. Користете производи на база на кафе, кои ја подобруваат циркулацијата и ги исфрлаат токсините од телото. Вежбите како што се брзо одење и јога промовираат елиминација на токсините од телото. Длабокото дишење за време на вежбањето го стимулира лимфниот систем и обезбедува многу поголем внес на кислород. Обидете се да ја направите вежбата ‘поздравување на Сонцето’ или слични вежби кои ја подобруваат работата на дигестивниот систем. Навечер нанесете маска за лице.

Слични написи

Парфеми и шминки од третиот век

admin

Одлични начини на кои можете да го користите вазелинот

dart

Вечерни ритуали за релаксирање после напорен ден

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.