Вести

Денес е Светскиот ден на веганите

Далечната 1994 година Луис Волис, кој тогаш се наоѓал на чело на Британското здружение на вегани, го востановил први ноември како ден на веганството. Од тогаш секоја година ширум светот овој ден се одбележува пригодно.

На овој ден секоја година здруженијата на вегани ширум светот протестираат против убивањето на животни за прехрана.

Терминот ВЕГАН настанал во САД. Го осмислил основачот на Веганското здружение, Доналд Вотсон. Ги искористил почетните и крајните букви од зборот VEGETARIAN и го добил зборот VEGAN и со тоа направил разлика помеѓу двете групи на луѓе што не консумираат месо. Разликата помеѓу нив е во тоа што вегетаријанците не јадат месо, но не се лишуваат од млечни производи и јајца, за разлика од веганитe кои во нивното мени ги немаат ниту овие продукти. Веганите го сметаат за грев и користењето на свила, волна и кожа.

Слични написи

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” се закити со главната награда на Интернационалниот филмски фестивал во Дортмунд/Келн, Германија

Biba

Скопската Зоолошка градина денес е домаќин на првиот Детски зоо маратон

Biba

ВНИМАНИЕ – Не возете во папучи во Грција

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.