Психологија

Шефувањето може да има сериозни психофизички последици

Вработените на повисоки работни позиции заради стресот можат да очекуваат мигрени, киселини во желудникот, анксиозност, замор и бројни други проблеми.

Да се биде раководител или шеф најчесто значи повеќе пари, повеќе одговорност, повисок статус, предизвици, поголема автономија, но исто така и зема данок од физичкото и менталното здравје, предупредуваат канадските научници.

Студијата во која учествувале 1800 шефови покажала дека вработените на повисоки позиции се почесто изложени на конфликти со другите работници и дека редовно носат работа дома.

“Кога не би биле толку често изложени на конфликти со соработниците и кога работата не би им се мешала во приватниот живот, шефовите би имале значително помалку психички и физички последици од работата”, објаснува Скот Шиман од Универзитетот на Торонто.

Меѓу физичките последици од “шефувањето”, како последици од стресот, се јавуваат мигрени, киселини во стомакот и замор. Психолошките последици од таквата работа вклучуваат проблеми со спиењето, потешкотии со концентрацијата, депресија, анскиозност, вознемиреност и чувства на тегобност и загриженост.

Слични написи

Одгледувањето темпераментно дете е тешко, но има и свои предности

Biba

Неуредниот дом влијае на психофизичкото здравје

Biba

Навики на издржливите личности

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.