Вести

“Господ постои, името ѝ е Петрунија” се закити со главната награда на Интернационалниот филмски фестивал во Дортмунд/Келн, Германија

Сестри и Брат Митевски Продукција Македонија со големо задоволство и радост ви објавуваат дека  филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” се закити со главната награда на Интернационалниот филмски фестивал во Дортмунд/Келн, Германија.

Со огромна радост ви соопштувамe дека филмот “Господ постои, името ѝ е Петрунија” на Теона Стругар Митевска се закити со уште една престижна награда на штотуку завршениот фестивал Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival, https://www.frauenfilmfestival.eu. “Петрунија” ја освои главната награда на фестивалот која има парична вредност од 15,000 евра. Овој фестивал е посветен на женски автори и во главната конуренција се одбираат само 8 филма од целиот свет, кои се натпреваруваат за главната награда. Овој пат тричленото жири се одлучи за “Петрунија”, кој очигледно наидува на одличен прием кај германската стручна филмска јавност. Жирито, доделувајќи ја наградата, рече: “Oдлучивме да ја  доделиме главната награда на овој филм, поради својата извонредност во пренесување приказна за храброста на невработена жена да се спротивстави на воспоставени и втемелени структури на патријархатот. Надминувајќи ја сопствената отуѓеност, таа ја осознава својата моќ да ја возобнови солидарноста во борбата против неправдата”.

Теона С. Митевска, за да ѝ биде врачена наградата на завршната церемонија, допатува од Go East филмскиот фестивал во Визбаден, каде е претседател на интернационалното жири. “Господ постои, името ѝ е Петрунија” на 10 април со голем успех го отвори фестивалот во Визбаден, а следната проекција на 12 април беше целосно распродадена и се бараше билет повеќе.

Во месец април, како што веќе најавивме, “Господ постои, името ѝ е Петрунија” патува на шест фестивали, меѓу кои и Московскиот филмски фестивал, каде што еден од најголемите руски дистрибутери Ruscico го откупи филмот за дистрибуција во Русија и Украина и ја започнува руската дистрибуција на “Петрунија”. 

Филмот од страна на фестивалот е  најавен како емотивен, енергичен манифест на Балканскиот феминизам http://www.moscowfilmfestival.ru/miff41/eng/.

Сумирано, фестивали кои ги посети “Петрунија” за месец април се: 37 Festival Cinema d’Alès, France 29 март – 7  април http://www.itinerances.org; Istanbul film festival 5-16 април http://film.iksv.org; Dortmund | Cologne International Women’s Film Festival 9-14 април https://www.frauenfilmfestival.eu; Go East International Film Festival 10-16 април, каде што беше филм за отворање на фестивалот, https://www.filmfestival-goeast.de; Crossing Europe Film Festival,  Linz, Austria 25-30 април, каде што е филм за затвoрање на фестивалот www.crossingeurope.at.

Интернационалниот продажен агент Пирамид, кој ги откупи и правата за дистрибуција на француската територија, активно се подготвува за киноприкажувањето во Франција и со големо задоволство соопштуваат дека на 1 мај ја започнуваат дистрибуцијата во 60 киносали низ цела Франција, од кои седум во Париз.

“Петрунија” патува и низ цела Македонија, по успешните претставувања во Скопје, Битола, Прилеп, веќе на 20 и 21 април ќе биде прикажан и во градот каде што беше сниман, Штип.

 

Слични написи

Комплетна програма за летниот фестивал „Summerland” што се одржува во Градскиот парк

Biba

Во Скопје Зоо ќе се одржи забава за крајот на училишната година со ЏП и Стефонатор

Biba

Во Скопје ЗОО целосно ќе се реновираат живеалиштата за кенгури и лавови

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.