Гастрономија

Милиброд со суво грозје

Потребни состојки:

40 г свеж квасец (1 коцка)

5-6 јајца

300 г шеќер

250-300 мл зејтин

250 мл топло млеко

1 кг брашно

200-300 г суво грозје

1 јајце за премачкување

Од оваа количина излегуваат 4-5 ролати, а по потреба, состојките може и да ги преполовите.

Начин на подготовка:

  1. Во еден сад ставете го квасецот да стаса во топла вода и малку шеќер, а за тоа време во друг, длабок сад, со жица за матење изматете ги јајцата со шеќерот.
  2. Кога ќе се стопи шеќерот, во садот додајте ги зејтинот и млекото. Убаво измешајте ја оваа смеса да се изедначи и потоа почнете постепено да додавате брашно. Во зависност од големината на јајцата, додајте повеќе брашно ако има потреба и измесете меко тесто.
  3. Оставете го тестото да стаса, потоа премесете го и поделете го на 4-5 дела. Од секој дел расукајте правоаголна кора, посипете суво гројзе колку што сакате и завиткајте ја кората во ролат.
  4. Ролатите наредете ги во тепсија намастена со маргарин. Оставете ги уште 5-10 минути да стасаат, потоа премачкајте ги одозгора со јајце и печете ги во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, додека кората да добие златнокафеава боја.
  5. Милибродот може да го послужите ладен или топол, да го сервирате како десерт или како оброк со чаша млеко.

На здравје!

 

Слични написи

Плескавици од стар леб

Biba

Печени јаболка со цимет и ореви

Biba

Не го фрлајте исцедениот лимон, туку замрзнете ја кората и користете го подоцна

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.