Вести

ВНИМАНИЕ – Не возете во папучи во Грција

Да возите во папучи е опасно, но во одредени земји е и казниво. Во Грција практиката на возење во папучи се казнува со 50 евра, а во некои случаи и со одземање на возачката дозвола.

Возењето во папучи е забрането бидејќи може да доведе до проблеми со контролата на педалите пред возачот. Постојат студии кои велат дека возењето во папучи е поопасно од возење во потпетици, и папучите се виновни за над милион сообраќајни незгоди во светот.

Сообраќајната полиција во Грција покрај автопатите ги контролира и приодите до плажите и казнува за возење под дејство на алкохол, неврзување на појас и пушење во автомобил во присуство на деца.

Слични написи

Битолско свежо млеко отсега збогатено со Д3 витамин

admin

Црвена јабука, Црнила ремикс и летно кино на отворено на „Summerland” 2019

Biba

Адреналинскиот забавен парк „Мега“ останува во Скопје до 1 јули

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.