Гастрономија

Брзо непечено чоколадно колаче

 

Потребни состојки:

230 г путер

200 г шеќер во прав

170 г чоколадо за готвење

90 г слатка павлака

2 лажички екстракт од ванила

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки ставете ги во сад соодветен за микробранова печка и загревајте ги во интервали од по 20-30 секунди, со мешање во меѓувреме. Кога целата смеса ќе се стопи, измешајте ја убаво да добиете свиленкаста мазна конзистенција.
  2. Истурете ја смесата во тавче со димензии 20×20 см кое претходно сте го обложиле со алуминиумска фолија.  Ставете го тавчето во замрзнувач да се стегне колачето околу 1 час.
  3. Ако сакате побогат вкус, може да додадете сецкани ореви или да го сервирате колачето сечено на коцки декорирано со половина јатка орев. Тоа што ќе остане чувајте го во кутија во фрижидер.

На здравје!

 

Слични написи

Крем салата од брокула и сланина

Biba

Освежително смуди од банана и киви

Biba

Колаче со врело млеко

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.