Забава

Работи што најверојатно не сте ги знаеле за Порше

 

Кога во далечната 1931 година Фердинанд Порше во центарот на Штутгарт ја основал комапанијата “Dr.Ing.h.c.F.Porsche GmbH” никој не можел ни да претпостави во што ќе се претвори основната дејност за советување при изработка на автомобили. Триесетина години подоцна, славното презиме Порше го знаат секаде на светот. Покрај целата слава, има неколку работи што најверојатно не сте ги знаеле за брендот.

  • Логото на компанијата всушност се состои од два дела. Главниот дел на знакот што генерално го има на автомобилите е всушност грбот на некогашната “Држава на слободни луѓе Виртемберг”, од кој се тргнати елените, додека центарот на грбот е всушност грбот на градот Штутгарт.

 

  • Првиот произведен Порше автомобил имал едноставен назив “64”. Како го добил називот не е познато. Она што е познато за него е дека ги дели поголемиот дел од составните делови со “Буба”. Перформансите на овој автомобил се дискутабилни, бидејќи во автомобилот од 1939 година под хаубата имало само 50 ks. Дизајнот уште тогаш покажал кон што ќе се стреми компанијата.

 

  • Смрта на познатиот актер Џемс Дин е поврзана со автомобил на Порше. Тоа е моделот 550 Spyder .

 

  • Porsche Super е назив на производ што отстапува од стандардниот свет на автомобили. Тоа е трактор произведен од брендот, кој ако го поседувате ќе бидете побогати за 1,2 милиони евра за колку што е продаден примерок на аукција.

 

Слични написи

Десет занимливости кои не сте ги знаеле за Ирска

admin

Најплатените јутјубери во светот за 2019 година

Biba

Што се случува ако во автомобилот оставите шише со вода

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.