Спорт

Кевин Дурант излезе од договорот со Голден Стејт Вориорс и стана слободен “стрелец”

 

Кевин Дурант, eден од најдобрите играчи во НБА лигата, реши да не го прифати договорот за продолжување во следната сезона со Голден Стејт Вориорс.

Како што пренесуваат американските медиуми, Дурант одбил „Player option“ клаузула во договорот, се откажал од 31,5 милиони долари и ќе стане неограничен и слободен играч.

Оваа информација можеби и не е толку изненадувачка, со оглед на тоа дека и претходно се најавуваше дека Дурант може да го направи ова.

Неговиот агент, според информацијата на ЕСПН, се наоѓа во Њујорк, каде што има одврзани раце да одлучува за иднината на овој одличен кошаркар. Најголеми шанси за негов трансфер ова лето има во Њујорк Никс, Бруклин или евентуално ЛА Клиперс.

Да потсетиме, Дурант во петтиот меч од финалето на НБА лигата против Торонто, доживеа повреда на Ахиловата тетива, поради која мораше да ја пропушти серијата до крајот.

 

Слични написи

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Biba

Хрватите го освоија третото место на СП во Катар

dart

УЕФА реши да го воведе VAR системот и во Лига на шампиони

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.