Спорт

Заврши кратката фудбалска кариера на најбрзиот човек на светот

Усаин Болт, најбрзиот човек на светот, се прости од атлетиката во 2017 година и реши да се посвети на фудбалот.

Долг период беше на проба во најразлични фудбалски клубови низ светот, а најблиску до остварување на неговиот сон беше на крајот од минатата година. Од септември до ноември беше на проба во австралискиот фудбалски клуб Central Coast Mariners.

Сепак, на крајот не потпиша договор бидејќи не успеа да најде спонзор кој ќе го плаќа неговиот ангажман како професионален фудбалер.

“Беше забавно додека траеше. Некои работи не ги направив како што требаше, но тоа е животот. Научив нови работи со самото тоа што бев дел од тимот”, изјави Болт, кој во дресот на Central Coast Mariners постигна два гола на пријателскиот натпревар со Macarthur South West United.

Освен во Central Coast Mariners, Болт си ја проба среќата и во Borusia од Дортмунд.

Следниот чекор што го најави е започнување на бизнис, поточно снимање реклами.

Слични написи

Парижаните ја одбија првата понуда од Барселона за Нејмар

Biba

Дванаесет руски атлетичари се суспендирани поради допинг

Biba

Мурињо се враќа во Интер?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.