Гастрономија

Брза лазања со печурки и спанаќ

 

Потребни состојки:

1 лажица маслиново масло

1 исечкано чешне лук

250 г исечкани печурки

1 лажица исечкана мајчина душичка

200 г спанаќ, исчистен и измиен

300 г меко сирење

4 лажици изрендан пармезан

6 листови свежа лазања

Начин на подготовка:

  1. Во големо тавче загрејте го маслиновото масло и ставете го лукчето да се пржи околу една минута. Додајте ги печурките и мајчината душичка и гответе уште три минути додека да почнат да омекнуваат. Потоа додајте го спанаќот и мешајте додека да омекне. Тргнете го тавчето од шпорет, додајте го сирењето, една лажица пармезан и зачинете по вкус. Измешајте.
  2. Една четвртина од мешавината со спанаќ нанесете ја подеднакво на дното на садот во кој ќе се пече лазањата. Со листови лазања покријте ја смесата, нанесете мешавина со спанаќ и повторете ја постапката додека не се потрошат сите листови лазања. Завршете со последната четвртина мешавина од спанаќ. Одозгора наросете го остатокот пармезан и печете 35 минути во рерна загреана на 200 степени Целзиусови, или додека лазањата да добие златножолта боја и да омекне.
  3. Сервирајте ја лазањата додека е топла.

На здравје!

 

Слични написи

Брзо непечено колаче со путер од кикирики и чоколадо

Biba

Сочна чоколадна торта со бел крем

Biba

Брза и едноставна италијанска чорба од грав

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.