Гастрономија

Сочна чоколадна торта со бел крем

 

Потребни состојки:

Пандишпан:

120 г путер на собна температура

300 г шеќер

2 големи јајца

200 г брашно

50 г какао

1/2 лажичка сол

1 лажичка прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

1/2 чаша сварено инстант кафе, појако

1/2 чаша млеко

Бел крем:

5 лажици брашно

1 чаша млеко

1 лажичка екстракт од ванила

220 г путер на собна температура

200 г шеќер

Чоколаден ганаш:

350 г чоколадо

300 мл слатка павлака

Начин на подготовка:

Пандишпан:

  1. Во сад измешајте ги заедно брашното, какаото, солта, содата и прашокот за печиво и ставете го садот на страна.
  2. Свареното кафе измешајте го со млекото. Тортата нема да има вкус на кафе, туку само ќе го нагласи чоколадниот вкус. Ако сепак не сакате да користите кафе во рецептот, заменете го иста количина на млеко (наместо 1/2 чаша млеко, ставете една цела).
  3. Во длабок сад изматете го путерот со шеќерот (околу 5 минути). Јајцата додајте ги едно по едно со непрекинато матење. Потоа комбинирано додавајте ги полека сувата мешавина со какао и млекото со кафе. Откако ќе ги ставите сите состојки, матете уште 2-3 минути да добиете пенеста текстура.
  4. Тестото за пандишпан поделете го во две округли тави (22-23 см) намастени и набрашнети, и печете ги 25 минути во рерна претходно загреана на 180 степени Целзиусови. По печењето извадете го и оставете го пандишпанот целосно да се олади.

Бел крем:

  1. Во тенџерче измешајте го млекото со брашното и мешајте додека да се стопат сите грутчиња. Потоа варете ја оваа мешавина со постојано мешање на средна температура, додека да добиете густина како пудинг.
  2. Tргнете го тенџерето од оган, додајте ја ванилата, измешајте и оставете ја смесата целосно да се олади.
  3. Во сад за матење изматете ги шеќерот и путерот да добиете пенеста конзистенција (околу 4-5 минути).
  4. Потоа полека со матење додавајте ја оладената мешавина со млеко. На почетокот може да се прават грутчиња, но продолжете со матење додека да добиете кремаста текстура.

Чоколаден ганаш:

  1. Во сад искомбинирајте го чоколадото со слатката павлака и полека загревајте ја смесата додека да се стопи чоколадото.
  2. Измешајте убаво да се соединат, внимавајте да не го прегреете ганаш кремот.

Составување на тортата:

  1. Првиот слој пандишпан ставете го на послужавник за сервирање и врз него намачкајте го целиот бел крем.
  2. Врз кремот ставете го вториот слој пандишпан.
  3. Врз него полека истурајте го ганашот и со шпатула размачкајте го по целата површина на тортата и од страните.
  4. Оставете да се зацврсти преливот околу 15 минути и потоа може да ја послужите тортата.

На здравје!

 

Слични написи

Брза супа со пилешко месо

Biba

Пржена зелка со колбаси

Biba

Пилешко во сос од мед

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.