Гастрономија

Пржена зелка со колбаси

 

Потребни состојки:

6 лажици путер (може да се замени со маслиново масло)

2 главици ситно исечкан кромид

4 чешниња ситно исечкан лук

2 лажици оцет од црвено вино (опционално)

400 г колбаси исечкани на трклаца

1 главица зелка исчистена и исечкана

1 лажица црвен пипер

сол и бибер по вкус

2 лажици исечкан свеж магдонос

1 лажица крупен црвен пипер (буковец, опционално)

Начин на подготовка:

  1. Во широко и длабоко тавче на средна температура стопете 3 лажици путер. Ставете ги лукот и кромидот и пржете ги додека да омекнат и пуштат мирис.
  2. Додајте го оцетот и измешајте.
  3. Додајте ги колбасите и благо пропржете ги.
  4. Додајте го остатокот од путерот, зелката, црвениот пипер, солта и биберот. Измешајте ги убаво сите состојки.
  5. Динстајте ја зелката додека да омекне и благо да се испржи.
  6. Сервирајте ја топла декорирана со свеж магдонос и буковец.

На здравје!

 

Слични написи

Енергетски плочки од житарки и суво овошје

Biba

Мока кафе со какао

Biba

Пушен бакалар со рижото и праз

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.