Автомобилизам

Honda Civic Type R не е веќе кралот на Нирбергринг

 

Досегашниот најбрз продукциски автомобил со погон на предните тркала на патеката Нирбергринг, Honda Civic Type R, е симнат од тронот. Досегашното време од 7 минути и 43,8 секунди што го имаше досегашниот носител, е заменет со ново, и тоа 7 минути и 40,1 секунда од Renault Megane RS Trophy-R.

Renault Megane RS Trophy-R официјално ќе биде претставен на 24 мај, во тајминг на Формула 1 трката во Монако.

Новата верзија е со намалена тежина за 150 килограми, и понатаму го придвижува четирицилиндричен 1,8-литрен турбо мотор од верзијата Trophy, кој испорачува 300 коњски сили и 400 њутн метри најголем вртежен момент.

Од спортската дивизија на Рено изјавија дека ќе бидат понудени само стотина примероци од Renault Megane RS Trophy-R.

 

Слични написи

Во „Ленд Ровер“ прославија 50. роденден на ренџ ровер со луксузно издание

Biba

Мini се подготвува за комплетна електрификација

Biba

Porsche ги претстави новите 911 Carrera Coupé и 911 Carrera Cabriolet

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.