Автомобилизам

Мini се подготвува за комплетна електрификација

 

Во британската автомобилска компанија која е во сопственост на BMW, ги прават финалните тестирања на првиот модел кој ќе биде придвижуван само од струја, а после договорот што беше направен со кинеската компанија Great Wall Motors, првиот електричен Mini би требало да се произведува во Кина.

Питер Шварценбауер, член на управата на BMW кој е задолжен за производната програма на Rolls-Royce и Mini, за медиумите изјави дека во Mini интензивно се подготвуваат за потполна електрификација на своите модели, а во преодниот период купувачите ќе можат да избираат помеѓу конвенционален и електропогон.

“Не знаеме колку долго ќе трае преодниот период, а до тогаш ќе се потрудиме сите да имаат можност за избор на двата типа на погон за секој модел на Mini. Купувачите ќе бидат тие што ќе решат дали Mini во иднина ќе биде бренд кој ќе произведува комплетно електрични модели”, изјави Питер Шварценбауер, кој по промоцијата на електричниот Mini заминува во пензија.

 

Слични написи

Mercedes-AMG G63 Yachting Edition на Carlex чини 329.000 евра

dart

Мазда останува фокусирана на развојот на моторите со внатрешно согорување

Biba

Мик Шумахер сè поблиску до Формула 1

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.