Спорт

Легендарниот Петр Чех е новиот спортски директор на Челси

 

Славниот чешки голман Петр Чех е промовиран во нов спортски директор на англискиот фудбалски клуб Челси.

Триесет и седумгодишниот Чех ја завршува својата кариера на голман, а лондонскиот клуб му ја понуди позицијата на спортски директор.

По игра на случајот, Чех кој моментално брани за Арсенал, својот последен натпревар ќе го има баш со Челси во финалето на Европската лига следната среда во Баку.

Својата кариера, Чех ја започна во Плзен, а низ времето ги носеше дресовите на Блшани, Спарта од Прага и Рен сè до моментот кога во 2004 година го облече дресот на Челси. Го бранеше голот на плавците до 2015 година, кога прејде во Арсенал.

Местото на спортски директор во Челси е празно од моментот кога Мајкл Еменало поднесе оставка во ноември 2017 година, а главниот збор за појачувањата оттогаш го има Марина Грановскаја.

 

Слични написи

РК Работнички успешни од коло во коло

admin

Траумите на Роналдо не престануваат

admin

Посрамениот Калиниќ е на чекор до трансфер во Атлетико Мадрид

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.