Автомобилизам

Bugatti го пензионира својот турбо бензинец W16

Уште во 2005 година кога Bugatti го претстави својот ѕвер Veyron со четири турбо полначи, проби две психолошки бариери. Едната е дека имаше повеќе од 1000 KS, а втората одеше повеќе од 400 km/h.

Трката во наоружувањето со бензиски турбо коњски сили продолжи и со моделот Bugatti Veyron Super Sport со 1200 ks и максимална брзина од дури 431 km/h. Bugatti Chiron, наследникот на Veyron претставен во Женева во 2016 година, границата ја помести на 1500 ks, а во истиот стил продолжи и моделот Bugatti Divo.

Претседателот на управата на Bugatti, Стефан Винкелман, потврди за медиумите дека Bugatti Divo е последниот модел со моторот 8.0 W16. Призна дека не се откажуваат од трката за коњски сили и уште поголеми брзини, но и дека треба да се насочат кон следење на новите технологии, така што ќе се откажат од понатамошен развој на тој мотор, и ќе тргнат кон воведување на хибридна технологија.

Слични написи

Harley Davidson го претстави својот прв електричен мотор

admin

BMW серија 3 (седма генерација)

admin

Треба ли да се загрее моторот на автомобилот пред тргнување?

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.