Автомобилизам

BMW серија 3 (седма генерација)

BMW ги објави тизерите за седмата генерација на серија 3. Нивниот план е да се претстават со новитетот на Саемот на автомобили во Париз на 2 октомври.

Деталите не се објавени, но најверојатно под проѕирната прекривка од тизерот се наоѓа серија 3 (G20) М340i, кој го придвижува 3 литарски мотор со 6 цилиндри, со турбо полнач, кој испорачува помеѓу 360 и 370 кс. Силата се пренесува преку задните тркала, а опционално може да се добие xDrive погон на сите 4 тркала. Стандарден ќе биде автоматски менувач со 8 степени на пренос, додека диференцијалот со ограничување на пролизгувањето ќе биде на долгата листа на дополнителна опрема.

Со потврдениот коефициент на отпор на воздухот од 0,23, новата серија 3 седан ќе биде најаеродинамичното продукциско возило на сите времиња, што ќе се одрази на економичноста.

Опционалнот М-систем за бесење ќе го спушти автомобилот за 10 мм. Новите амортизери ќе го елиминираат и најмалото вибрирање кое се појавува при преминување на нерамнини или брзо поминување низ свиоци. Управувањето е попрецизно, тежината е прецизно распоредена со однос 50:50, а на автомобилот се монтирани 18 инчни гуми.

Во Париз ќе бидат претставени и новите модели на Z4, M5 Competition, X5 i серија 8 Coupe.

Слични написи

Нова димензија на луксуз со BMW X7

admin

Форд ја обнови Фиеста и ѝ даде уште една шанса

dart

Hummer H1 – ѕвер за сите прилики

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.