Спорт

На 16 години Новак Ѓоковиќ јавно барал спонзори што ќе му помогнат професионално да се занимава со тенис

Новак Ѓоковиќ пред неколку дена го освои својот 14-ти Гренд Слем турнир и влезе меѓу тројцата најдобри тенисери на сите времиња.

Неговиот успех е уште поимпресивен поради фактот што доаѓа од мала, сиромашна земја, која не вложува многу во спортски таленти.

Иако на само 14 години бил најдобар јуниор во светот, никој во Србија не сакал да вложи во неговата кариера.

Тоа најдобро се гледа и од следното видео, каде Новак заедно со својот татко јавно бараат “бизнис партнер” кој ќе вложи во неговата кариера, а подоцна по договор ќе добива процент од неговата заработка.

И покрај тоа што никој не верувал во него, Ѓоковиќ сепак успеа да стане тенисер со најголема заработка во историјата на АТП ерата од тениски турнири, а неговите спонзорски договори се мултимилионски.

Слични написи

Работнички им ја зема победата на Металург 2

admin

Сеск Фабрегас потпиша за Монако до 2022 година

Biba

Црвена ѕвезда со заработка од 19,9 милиони евра

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.