Спорт

Работнички им ја зема победата на Металург 2

Денешниот натпревар од деветтото коло на Првата македонска ракометна лига, на ракометарите на Работнички им донесе победа која е повеќе од заслужена.

Играа против екипата на Металург 2 која во своите редови внесе ракометари како Серафимов, Лазаревски, Шилегов, кои играат во првиот тим на Металург, во Лигата на шампионите. Сепак, тоа не беше доволно за да им донесе победа на ракометарите на Металург 2. Ракометарите на Работнички извојуваа победа од 35:31 (14:16).

Првото полувреме беше во корист на ракометарите на Металург 2, на момент имаа 3 гола предност и на полувреме заминаа со резултат од 14:16.

Второто полувреме започна повторно во корист на Металург 2 сè до моментот кога резултатот беше 19:20, кога Работнички направи комплетен пресврт.

Никола Димитров, крилото на РК Работнички, заедно со останатите играчи го доведоа резултатот до 23:20, и сè до крајот на натпреварот не им дозволија на гостите да се повратат.

На денешниот натпревар најдобар стрелец беше Олег Кумогородски со 13 голови.

На листата на стрелци од Работнички се впишаа и Никола Димитров со 9 голови, Бојан Љубевски, Стефан Николовски и Христијан Анастасовски со по 4 голови и Дмутро Полиак со 1 гол.

За Металург 2 листата на стрелци е следната: Мице Шилегов и Мартин Серафимов со по 10 голови, Дарко Кондев со 5 голови, Михајло Младеновиќ, Андреј Митиќ и Милан Лазаревски со по 2 гола.

Слични написи

Светски првак одби дупло поголема плата

admin

Барселона без Дембеле против Ливерпул

Biba

Седум нови дисциплини на Зимските олимписки игри во Пекинг 2022 година

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.