Забава

По кој редослед старее човечкиот организам

Не сите човечки органи започнуваат да стареат истовремено. Некои органи почнуваат да стареат порано, додека други се побавни, откриваат француските научници.

1. Белите дробови почнуваат да стареат на возраст од 20 години.

2. Мозокот, исто така, почнува да старее на 20 години.

3. Кожата почнува да старее по 25-тата година, а мускулите почнуваат да го губат тонусот и силата на возраст по 30 години.

4. Градите на жената почнуваат да стареат околу 35-тата година.

5. Коските губат квалитет по 35-годишна возраст, а забите од 40-годишна возраст.

6. Очите почнуваат да стареат од 40-годишна возраст, исто како и срцето.

7. Бубрезите и простатата почнуваат да стареат од 50-тата година.

8. Слухот почнува да опаѓа од средината на 50-тите години, исто како и цревата.

9. Чувството на вкус и мирис започнува да се намалува уште од 60-годишна возраст.

10. Гласот започнува да се менува на 65 години, а се препознава по тоа што станува потивок и порапав.

Слични написи

Водич за кучиња: Како да го прошетате вашиот човек

Biba

Што открива вашиот ракопис за вас

Biba

Најмладата баба на светот добила внук на 23 години

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.