Сцена

Магазинот “People” ја прогласи Џенифер Гарнер за најубава жена во 2019 година

 

Секоја година американскиот магазин “People” прогласува една позната жена за најубава.

Досегашната убавица според критериумите на “People” беше пејачката Пинк, а нејзиното место во 2019 година го презема убавата актерка Џенифер Гарнер.

https://www.instagram.com/p/BwnnvXLp6Y7/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

Џенифер Гарнер, 47-годишна актерка и оскаровка, ја доби насловната страна од магазинот и тоа во сосема едноставна варијанта без грам шминка. Во разговорот со новинарот на “People” ја откри тајната за нејзината безвременска убавина и како што вели – за тоа се најзаслужни нејзините деца: Вајолет 13 години, Серафина 10 и седумгодишниот Семјуел.

“Кога ќе се вратам од снимање, некој друг настан или обврска, ми велат да ја отстранам шминката од лицето, да ја соберам косата и да ставам очила. Велат дека тоа им е моето омилено издание, а за мене тоа е најголемиот комплимент”, вели Гарнер.

Титулата за најубава жена во 2019 година вистински ја изненадила, бидејќи воопшто не се доживувала така, размислувала за себе како за обична жена со обична убавина.

Во краткото видео кое магазинот го објави на својот инстаграм-профил, Гарнер вели дека е многу изненадена и дека ѝ требале неколку минути за да го прифати тоа и да се воодушеви.

 

https://www.instagram.com/p/BwnsgvWBoaW/?utm_source=ig_web_button_share_sheet

 

Слични написи

Сурогат мајка ќе им го роди четвртото дете на Ким Кардашијан и Канје Вест

Biba

Blood Red Roses, новиот албум на Род Стјуарт

admin

Кејт Бланшет ги воодушеви фановите со својата трансформација

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.