Сцена

Кејт Бланшет ги воодушеви фановите со својата трансформација

 

Славната австралиска актерка Кејт Бланшет се реши за трансформација на својот изглед и својата руса коса ја обои во костенлива нијанса. Фановите оваа промена ја дочекаа со воодушевување.

Бојата на својата коса Кејт ја смени заради улогата во претставата која ја игра во театарот. Можеби бојата на косата е само привремена, но сите се согласни дека прекрасно ѝ стои, и го нагласува порцеланскиот тен на лицето и нејзините очи.

Својот нов изглед Кејт Бланшет го претстави на доделувањето на наградите BAFTA во Лондон. Освен бојата на косата, Бланшет привлече внимание и со елегантниот црн фустан со раскошни детали на деколтето, од дизајнерот Кристофер Кејн.

 

Слични написи

Spice Girls се спремаат за повторна турнеја по 10 години пауза

admin

Мадона со уникатен начин на прославување на својот роденден

admin

Моника Белучи стана блондинка

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.