Сцена

Spice Girls се спремаат за повторна турнеја по 10 години пауза

Девојките од светски познатата група Spice Girls, по 10 години пауза решија повторно да се обединат и да направат голема британска турнеја, но за жал без Викторија Бекам.

Деталите за враќањето на музичката сцена го обелоденија денес.

Турнејата ќе ја започнат на стадионот на Etihad во Манчестер на први јуни 2019 година, а картите се во продажба веќе од оваа сабота.

Spice Girls исто така ќе настапат во Coventry, Sunderland, Edinburgh, Bristol, а турнејата ќе ја завршат на Wembly стадионот во Лондон.

“Ќе настапуваме само ние четири, но сепак се надевам дека Викторија некако ќе успее да ни се придружи. Би било штета да го пропушти ова”, изјави Мелани Браун.

Слични написи

Софија Вергара и понатаму најплатена телевизиска ѕвезда

admin

Речиси непрепознатлива – Адел на забавата по доделувањето на наградата Оскар

Biba

Филмот Боемска Рапсодија и актерот Рами Малек добија Златен глобус

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.