Технологија

Јапонски товарен електричен велосипед

Јапонската компанија Daga го претстави својот електричен трицикл наменет за превоз на помали товари или за градска достава.

Последната година ипол компанијата го развива својот трицикл Stroke со малку различен дизајн од она на што сме навикнати.

Инвентивните Јапонци просторот за товар кај Stroke го сместиле во средниот дел од трициклот, а со тоа додатно го средиле тежиштето на возилото на средина и ја зголемиле стабилноста.

Дополнително, трициклот е направен и со можност за навалување што обезбедува стабилност во кривини, а тоа што предните тркала се во пар уште повеќе ја зголемува стабилноста.

Stroke има вграден електромотор и со него може да достигне брзина до 24 км/ч.

Компанијата својот концепт го претстави во повеќе верзии кои можат да се користат за достава на храна или пакети.

Концептот Stroke  е претставен во Јапонија на “Tokyo Wonder Festival”, а неговите творци се во фаза на собирање средства за започнување на производство.

Слични написи

Дигитален номад

admin

Новите уреди на HUAWEI претставени во Виена

dart

Во Дубаи е претставена суперјахтата Esquel

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.