Психологија

Зошто е важно да читате со вашите деца

 

Студиите покажуваат дека читањето од задоволство многу придонесува  во училишните постигнувања на децата.

Не само што постигнуваат повисоки резултати на тестовите за читање отколку децата кои не читаат, туку развиваат и побогат вокабулар, ги зголемуваат општите познавања и имаат подобро разбирање за другите култури.

Всушност, читањето од задоволство одредува многу повеќе дали детето ќе биде успешно во училиште отколку нивната социјална и економска позадина.

Што можете вие како родители да направите за детето повеќе да чита?

Можете да направите многу! Родителите се најважните едукатори во животот на детето, поважни дури и од нивните наставници, и никогаш не е премногу рано за да почнете да читате заедно.

Дури и пред да се родат, бебињата учат да го препознаат гласот на родителите. Кога му читате на вашето бебе уште од раѓањето, тоа ужива во слушањето на вашиот глас кој го смирува, додека истовремено е изложено на мајчиниот јазик.

Ако детето е премногу мало за да може самото да чита, тогаш вие читајте му на глас, зборувајте за содржината, сликите и идеите кои се содржани во текстот.

Читајте и вие. Децата кои ги гледаат своите родители како и самите уживаат во читањето, имаат поголеми изгледи и самите да покажат интерес за читање.

Опкружете го вашето дете со книги. Не мора да имате стотици книги дома, доволно е од библиотека редовно да позајмувате книги кои ќе ги одбирате заедно со вашето дете, за читањето да премине во навика.

Откријте што го интересира детето. Помогнете му да најде книги кои ќе го задржат неговото внимание и ќе бидат забавни, и поминувајте одредено време во читање на училишните книги.

Најважно од сè, зборувајте со вашето дете. Поминувајте време со него во најобични активности како што е готвење, пазарување или шетање. Раскажувајте му на детето што правите, на тој начин му помагате да научи нови зборови. Подоцна, кога тие зборови ќе може самото да ги прочита, ќе му бидат веќе познати и ќе го знае нивното значење.

Каков читањето влијае на децата?

  • Читањето го вежба мозокот. Тоа е многу покомплексна активност за човечкиот мозок од гледањето телевизија, на пример. Ги зајакнува невралните врски во мозокот и создава нови.
  • Со читање децата учат за светот околу нив. Преку читањето на книги со најразлична тематика децата запознаваат и учат за луѓе, места и настани кои не можат лично да ги доживеат.
  • Читањето ги подобрува јазичните и граматичките вештини, го подобрува и унапредува вокабуларот. Кога читаат децата учат нови зборови. На потсвесно ниво апсорбираат информации за тоа како правилно се структурира реченица и како подобро да се изразат писмено или усмено.
  • Читањето ја подобрува концентрацијата. Кога читаат, децата мора да седат мирно и тивко за да можат да се фокусираат на приказната. Ако читаат често, развиваат вештина да го задржат вниманието подолго на една активност, ги подобруваат помнењето и самодисциплината и со време се навикнуваат да читаат во подолги периоди.
  • Децата кои читаат се поуспешни во училиште. Читањето ги подобрува постигнувањата по сите предмети, не само по мајчиниот јазк. Децата кои читаат постигнуваат подобар успех по сите предмети во училиште отколку децата кои не читаат.
  • Читањето ја развива детската фантазија и креативност. Додека читаме, нашиот мозок ги “преведува” во слики описите кои се содржани во книгата за места, луѓе, историски периоди и настани. Кога детето чита, тоа исто така и си замислува како се чувствуваат ликовите во книгата. Помалите деца ова знаење го пренесуваат и во секојдневните игри.
  • Читањето им помага на децата да развијат емпатија. Како што растат и се развиваат, децата постепено учат да се стават во кожата на другиот и да замислат како тие би се чувствувале во истата ситуација.
  • Читањето е забавно. Никогаш нема да ви биде досадно ни вам ни на децата ако носите книга или е-читач со себе каде и да одите.
  • Читањето е одличен начин да поминете време со вашето дете. Читањето заедно (вие ваша а детето своја книга), приказните пред спиење и посета на библиотеката се само неколку начини на квалитетно поминато време со вашето дете.

Читањето е клучна компонента на доживотното учење. Ако на вашите деца од најрана возраст им всадите љубов кон книгата, тие секогаш читањето ќе го поврзуваат со задоволство со што имаат поголеми шанси да бидат успешни во животот.

 

Слични написи

Депресијата наскоро ќе стане водечки здравствен проблем во светот

Biba

Сексуален развој кај децата: што е нормално, а што не е?

Biba

Можат ли коликите кај бебето да предвидат проблеми со менталното здравје понатаму

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.