Забава

Луксузен апартман на Менхетен продаден за неверојатни 238 милиони долари

 

Пентхаус апартманот лоциран во престижниот кварт Централ Парк е новиот дом на американскиот инвеститор и милионер Кен Грифин. Апартманот зафаќа простор од 2230 метри квадратни, што е 34 пати повеќе од просечен апартман во овој дел на Њујорк.

Со цената од 238 милиони долари ги сруши сите рекорди и претставува најскапиот станбен објект продаден во САД.

“Њујорк е познат по прекрасни и грандиозни објекти, но овој е вонсериски по сите параметри”, изјави експертот за инвестиции во недвижнини Даниел Ливи, извршен директор на New York City Realty.

Ливи нагласи дека претходниот рекорд на продадена недвижнина во Њујорк била куќа со вредност од 100 милиони долари, а нејзин купувач бил Мајкл Дел, основачот на Dell Technologies.

Кен Грифин си го дозволил домот на Менхетен откако потрошил 122 милиони долари на вила во Лондон, во близина на Бакингемската палата.

 

Слични написи

Несекојдневниот хотел Skylodge Adventure Suites

admin

Најстариот хотел во светот го води истото семејство повеќе од 1.300 години

dart

Причини зошто бакнувањето е корисно и здраво

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.