Забава

Причини зошто бакнувањето е корисно и здраво

 

Како мал увод или занимливост поврзана со бакнувањето, е податокот кој вели дека најдолгиот забележан бакнеж е бакнежот на Екачаи и Лаксана Тиранарат од Тајланд, кој почнал на 12 февруари, а завршил на Свети Валентин, и траел 58 часа.

Бакнувањето има голем бенефит за човечкото тело и дух.

  • Го јакне вашиот имунитет. Нема да верувате, но размената на флуидите при бакнување доведува до размена на здрави бактерии кои го јакнат имунитетот.
  • Согорува калории. При бакнување се согоруваат дури 2-6 калории во минута бакнување.
  • Ги јакне мускулите на лицето. Според одредени истражувања, со бакнувањето се активираат дури 30 мускули од вашето лице. Бакнувањето ги зацврстува вашите образи.
  • Опушта. Хемијата на целата операција е едноставна: бакнувањето го покачува нивото на окситоцин, ендорфин и допамин.
  • Страсните бакнежи се добри за здравјето. Францускиот бакнеж го зголемува протокот на плунка која се лачи од непцата, а тоа е добро за здравјето на самите непца.
  • Го снижува стресот. При бакнување се намалува нивото на кортизол, а со тоа се намалува и стресот.
  • Го намалува крвниот притисок. Кога се бакнувате срцето почнува забрзано да чука, а со тоа се намалува крвниот притисок, поради ширењето на крвните садови.

 

Слични написи

Во Истанбул јавниот превоз може да се плати со пластични шишиња

Biba

Култни филмови кои малку фалело да не бидат снимени

admin

Уметник низ стрип ја опишал бременоста на својата жена

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.