Сцена

Продолжението на култниот филм “Сјаење” на Стивен Кинг, најавено за ноември оваа година

 

“Сјаење” на Стивен Кинг во ноември ќе го добие своето долгоочекувано продолжение со наслов “Доктор Сон”, според истоимената книга на Кинг.

Продолжението ја прикажува приказната за Дени Торенс, кој е сега возрасен и се бори со алкохолизам и со демоните од неговото детство. Тој сè уште ги има психичките моќи од првиот дел на приказната. Овој пат се поврзува со непознатото девојче Абра, која има уште поголеми моќи од неговите, за да решат низа случаи на убиства и исчезнување на деца. Улогата на Дени ќе ја игра Јуан МекГрегор.

Сценариото е адаптирано од Акива Голдсман, а режијата е на феноменалниот мајстор на хорор-филмови Мајк Фланаган.

Книгата “Сјаење” беше адаптирана во филм 1980 година од Стенли Кјубрик, со Џек Николсон во главната улога на Џек Торенс, таткото на Дени. Продолжението иницијално беше најавено за 2020 година, но студиото Варнер Брос реши да го помести тој датум малку порано, на 8 ноември 2019 година.

“Сјаење” се смета за еден од најдобрите хорор-филмови на сите времиња.

 

Слични написи

Кaко се снима филм со затворени очи: Сандра Булок за улогата во “Bird Box”

Biba

Ед Ширан заминува во привремена пензија

Biba

Новиот документарен филм за Битлси носи необјавени снимки од периодот пред разделувањето

dart

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.