Сцена

Ед Ширан заминува во привремена пензија

 

Славниот британски музичар и автор на едни од најпознатите нумери во светот, пејач кој експресно заработи богатство од своите песни, Ед Ширан, најави дека по завршување на неговата турнеја “Divide” привремено ќе се пензионира.

Ширан изјави дека сака да паузира за да може повеќе време да помине со својата сопруга Чери Сиборн, со која се заедно уште од средношколските денови.

 

 

Целиот во емоции Ширан веста ја сподели со своите фанови на концертот во Чентри Парк во Ипсвич.

“Како што можеби знаете или не знаете, се наоѓам на мојата турнеја “Divide” повеќе од две години и овој концерт е последниот ден од сето тоа. Многу ми е мило што сте овде и што турнејата завршува во Ипсвич. Ова ми е последната свирка во следните 18 месеци. Свиревме ширум светот: во Гластонбери, на Вембли, на прекрасни места во Америка, Нов Зеланд, Австралија, Азија и Јужна Америка. Беше лудо патување “, изјави Ед Ширан.

Во концертите на неговата турнеја “Divide” имаа среќа да уживаат 9 милиони луѓе ширум светот.

 

Слични написи

Доделувањето на наградите Оскар би можело да се одложи

Biba

Blood Red Roses, новиот албум на Род Стјуарт

admin

Новата идеја на Американската филмска академија наиде на критики

admin

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.