Автомобилизам

Хибриден автомобил од милион евра на Koenigsegg

Koenigsegg неделава ја најави соработката со шведската компнија NEVS (National Electric Vehicle Sweden), а производот на нивната соработка би можел да биде хибриден суперавтомобил.

Со овој чекор од Koenigsegg сакаат да ја зголемат продажбата од 20 на 100 автомобили.

Новиот хибриден суперавтомобил со сигурност нема да се најде на истото рамниште со Agera RS и Regera, но со сигурност ќе биде репрезентативен примерок од брендот на Koenigsegg.

“Сакаме да ја прошириме нашата понуда бидејќи нашиот бренд го надрасна производството. Имаме неколку години да ги испорачаме суперлуксузните хиперавтомобили што ги произведуваме денес и сметаме дека со производство на поевтини модели можеме да ја зголемиме продажбата”, изјавуваат од Koenigsegg.

Се навестува дека новиот хибриден хиперавтомобил би бил со цена од околу еден милион долари.

Слични написи

Бентли го претстави Continental GT Speed – британскиот разурнувач

dart

Сони и Хонда заедно ќе произведуваат електрични автомобили

dart

Новиот концепт на GMC носи назив Sierra 1500 AT4 All Mountain

Biba

Овој сајт користи колачиња за подобрување на корисничкиот интерфејс. Прифати Прочитај

Почитувани! Не е дозволено копирање на текстови од Прекрасен свет.